Медведев одигра само два сета, без мака влезе во четвртфиналето на Вимблдон

Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако Чехот Јиржи Лехечка му го предаде осминафиналето. Медведев водеше со 6:4, 6:2 во моментот кога чешкиот тенисер го предаде мечот.

Третиот тенисер во светот во своето прво четвртфинале на Вимблдон ќе игра со победникот од мечот Стефанос Циципас – Кристофер Еубенкс.

Со пласманот меѓу осумте најдобри, 27-годишниот Медведев стана десеттиот активен играч кој стигнал до четвртфиналето на сите четири Грен слем турнири.

Треба да знаете
Последни објави