Четири лица се убиени во Украина при руско бомбардирање на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош во Орихово, изјави денеска регионалниот гувернер, опишувајќи го нападот како „воено злосторство“.
– Погодија центар за дистрибуција на хуманитарна помош во станбен дел … Четири лица загинаа на лице место, жени на 43, 45 и 47 години и маж на 47 години, напиша гувернерот Јуриј Малашко на социјалните мрежи.
На крајот на февруари 2022 година, Русија почна инвазија врз Украина.