Најдобро рангираниот светски тениски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е последниот учесник во четвртфиналето на годинешниот Вимблдон, откако вечерва со 3-1 во сетови го победи финалистот од 2021 година Италијанецот Матео Беретини. Алкараз за пласман во полуфиналето ќе игра против Данецот Холгар Руне.
За младиот Шпанец ова е прво четвртфинале во кариерата на најпрестижниот гренд-слем, а трето четвртфинале во кариерата на најпрестижните турнири, иако има 21 година.
Алкараз му даде сет предност на Беретини, кој поведе во мечот откако загуби свој сервис во осмиот гем за Италијанецот да дојде до 5-3 и на свој сервис да го завери освојувањето на првиот сет.
Но, брзо потоа Алкараз влезе во посакуваниот ритам, па во четвртиот гем направи брејк и потоа со сигурен сервис израмни во мечот, а по слично сценарио го освои и третиот сет, откако во третиот гем му зема сервис на Беретини и потоа со втор брејк во деветиот поведе во мечот.
Во последниот четврти сет при 2-2, Беретини побара да се затвори центрачниот терен, двата тенисери беа сигурни на свој сервис по враќањето, а потоа во осмиот гем на сервис на Беретини направи брејк и на крајот по тесна битка и три пропуштени меч топки во деветиот гем, Шпанецот го завери четвртфиналето.