Мечот Ѓоковиќ – Хуркач ќе продолжи денес

Натпреварот од четвртото коло на Вимблдон меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Полјакот Хуберт Хуркач ќе се доигра денес.

Мечот синоќа беше прекинат поради паѓање мрак по вториот сет. При прекинот Ѓоковиќ има водство со 2:0, по сетови 7:6 (8:6) и 7:6 (8:6).

Времето кога ќе продолжи средбата ќе биде објавено подоцна во текот на денот.

Победникот од овој меч во четвртфиналето ќе се соочи со Русинот Андреј Рубљев. 

Треба да знаете
Последни објави