Нивото на мразот на Антарктикот минатиот месец беше на рекордно ниско ниво, објави Светската метеоролошка организација (СМО), што експертите за климатски промени го сметаат за загрижувачки. СМО објави дека нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец, кој беше најтоплиот јуни досега, е најниско од почетокот на сателитскиот мониторинг – 17 отсто под просекот.
„Навикнати сме да ги гледаме овие големи намалувања на морскиот мраз на Арктикот, но не и на Антарктикот. Тоа е огромно намалување“, изјави Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата, за новинарите во Женева. Глобалните температури на површината на морето во мај и јуни беа рекордно високи за тој период од годината, според СМО, кој предупреди дека затоплувањето на светските океани брзо се шири до длабочините.
„Не само температурата на површината, туку и целиот океан станува се потопол и ја апсорбира енергијата што ќе остане таму стотици години“, предупреди СМО. „Посебно силно бијат алармите поради невидените температури на површината на морето во Северниот Атлантик.
СМО очекува дека временскиот феномен Ел Нињо, кој неодамна започна, ќе ги зголеми температурите и на копното и на океаните, што може да предизвика повеќе морски топлотни удари и екстремни температури.