На 09.07.2023 околу 12.30 часот во атар на с.Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ” е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р.Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6″ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.