Битиќи: Со синдикатите дојдовме до решение кое на долг рок ќе го реши прашањето со платите во јавниот сектор

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи, заменик-претседател во Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции:

-По успехот на постигнување на договорот за системско покачување на минималната плата денеска дојдовме до усогласување на ставовите со синдикатите и за покачување на платите во јавниот сектор.

Дојдовме до решение кое на долг рок ќе го реши ова прашање и кое ќе донесе стабилност и предвидливост за колегите во јавниот сектор.

– Во септември 2023 сите вработени во јавниот сектор ќе добијат покачување од 10% на постојните плати,

– Ќе им биде исплатен и регрес (К-15) за 2023, во износ од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крајот на оваа година

– Методологијата на плата која ќе се спроведува од март 2025, ќе се добива од просечна плата помножена со коефициент

– Во општиот колективен договор да се дефинира исплата на минимум К15 од во износ од 30% од просечната нето плата.

Задоволен сум од водениот дијалогот и прагматичноста на работните состаноци на кои дојдовме до ова заедничко, важно, системско решение. Верувам дека и покојниот претседател на ССМ, Дарко Димовски ќе беше горд, жал ми е што не можевме овој процес заедно да го завршиме, но важно е дека е завршен и дека ќе можеме да продолжиме да отвораме други реформски и развојни прашања, за унапредување на работничките права и ефикасноста и ефективноста на јавниот сектор.

Треба да знаете
Последни објави