Членките на НАТО останаа поделени околу потенцијалното членство на Украина во алијансата пред самитот во Вилнус, Литванија, кој ќе се одржи утре и в среда. Членките на НАТО од Источна Европа кои се на директен пат на руската агресија го поддржаа влезот на Украина. Но, земјите како САД и Германија стравуваат дека ако Украина стане членка на НАТО пред крајот на војната, тоа ќе ја вовлече целата алијанса во конфликтот против Русија и потенцијално ќе предизвика глобална војна.
Сепак, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, рече дека предложил пакет кој вклучува отстранување на клучниот услов за влез на Украина во алијансата: список на политички, економски и воени цели што другите источни европските нации мораа да ги остварат пред да се приклучат на алијансата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се очекува да присуствува на самитот, сака да се разјасни кога НАТО го предвидува пристапот на Украина во алијансата по завршувањето на руската војна против Украина и бара безбедносни гаранции до тој момент.