САД преку Канада на пенали до полуфиналето на Голд купот

Репрезентацијата на САД ја победи Канада на пенали синоќа во четвртфиналето на Голд купот КОНКАКАФ.

По основните 90 минути резултатот беше нерешен 1:1, а двете селекции постигнаа по еден гол и во дополнителните 30 минути. 
Пеналите завршија со резултат 3:2 за Американците.

Во полуфиналето селекцијата на САД ќе се сретне со Панама која го победи Катар (4:0).

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Јамајка и Мексико. 

Треба да знаете
Последни објави