Неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје создаде досега невиден хаос, градот се дави во ѓубре.
Одговорноста за хаосот е кај Мицкоски и кадрите на ДПМНЕ во Скопје.
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје, со својата неработа и негрижа за потребите на граѓаните се директни сочучесници во хаосот со губрето и во нефункционирањето на локалните претпријатија.
Истите оние кои ја поддржуваа Арсовска во кампањата, кои заедно со Мицкоски бараа глас од скопјани за неа и за ДПМНЕ, заедно ги создадоа проблемите во Скопје.
Секогаш кога ќе добие глас од граѓаните ДПМНЕ се случува хаос и уназадување.
Тоа го гледаме овие денови во најлоша форма. Со едно ѓубре не можат ДПМНЕ и нивните неспособни градоначалници да излезат на крај е не градот да се развива.
Наместо модерно Скопје граѓаните добија загаден град во кој не функционира ниту јавен превоз, ниту било што друго.
Неработа, неспособност и раце во медот, тоа се одликите на градоначалниците на ДПМНЕ и на Мицкоски.