Северна Кореја ги обвини САД дека го нарушуваат нивниот воздушен простор со извидувачки летови, поради што Пјонгјанг предупреди дека тие авиони може да бидат соборени, пренесе Ројтерс.
„Провокативните воени акции на САД го доведоа Корејскиот Полуостров чекор поблиску до нуклеарен конфликт“, изјави неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за национална одбрана, пренесе новинската агенција КЦНА.
Во соопштението се наведува дека, покрај американските извидувачки авиони и беспилотни летала, Вашингтон ги зголемува тензиите со испраќање нуклеарни подморници во близина на полуостровот.