Обвинувањата од дел на вработените во Управниот суд упатени на адреса од претседателот на судот за Бурим Сејдини се шпекулации и невистини. Сејдини добил кривична пријава поради рачно доделување предмети, а не по системот АКМИС, кои намерно биле застарувани, а такви имало над 190 предмети, како и за незаконски вработувања. Сето ова Сејдини вели дека е неточно и е само обид за негова дискредитација и нарушување на интегритетот на судот.
-Најодговорно тврдам дека во Управниот суд немало, нема и нема да има рачна распределба на судски предмети додека јас раководам со судот. Распределбата била и ќе биде единствено преку АКМИС системот и согласно судскиот Деловник кој ја уредува распределбата на предметите. Следствено се останато е на шпекулативно ниво и со индигнација ги отфрлам ваквите ситуации, вели Бурим Сејдини.
Кривичната пријава вработените ја доставиле до Финансиска полиција, Антикорупциска комисија како и до Владата. Пред две недели Судскиот совет расправал за кривичната пријавата но за формирање на комисија која треба да изврши контрола во Управниот суд е одложено за септември. Антикорупционерите потврдија дека отвориле предмет за Сејдини, но не открија дали имаат некакви сознанија од досегашниот увид.