„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив”, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне.
„Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта”, рече Андоновски.
Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош.
„Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори”, укажа Андоновски.
Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има.
„Сега е време да се провериме на избори”, посочи Андоновски.
„Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности”, додаде Андоновски.