Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на третиот сезонски гренд-слем турнирот „Вимблдон“ откако со 3:1 во сетови го совлада Русинот Андреј Рубљов. Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде Италијанецот Јаник Синер кој со 6:4, 3:6, 6:2 и 6:2 го елиминираше Русинот Роман Сафиулин.
Ѓоковиќ кој има уште два чекори да стаса до одбрана на трофејот на неофицијалното светско првенство, лошо го почна мечот со Рубљов. Го загуби првиот сет со 6:4, но веднаш потоа ја презеде играта во свои раце и ги доби следните три сета со 6:1, 6:4 и 6:3 за сигурен триумф.
Со оваа победа најдобриот српски тенисер го израмни рекордот на Швајцарецот Рожер Федерер по бројот на пласмани во полуфиналните мечеви на гренд-слем турнирите.
Ѓоковиќ стигна до своето 46 гренд-слем полуфинале, колку што има и Федерер кој се пензионираше минатата година. На третото место на оваа листа се наоѓа Шпанецот Рафаел Надал кој има 38.