Караванот „Остави трага“ во Битола со цел подигање на свеста помеѓу младите за еднакво општество и нивна активација

Караванот „Остави трага“ продолжува со вториот од серијата на настани, кој ќе се одржи во Битола на 11.7.2023 година со почеток во 19 часот на платото пред Офицерскиот дом.

Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат:

  • Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
  • Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура
  • Ангелина Станојоска, професорка на УКЛО Битола
  • Маја Атанасовска, женска трка “Биди своја”
  • Мартин Ангелов, сопственик на кафуле „Улаф“
  • Дарко Беровски, дигитална платформа „Спознавање“
  • Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје

Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. Настанот ќе го модерираат Огнен Јанески и Ана Јовковска, а официјално ќе го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Ве молиме контактирајте нѐ за повеќе информации:

Треба да знаете
Последни објави