Интеграцијата во ЕУ како влог во траен мир, просперитет и стабилност на цел регион и на Европа, било во фокусот на средбата на вицпремиерот Бојан Маричиќ со Робин Брукс, специјална советничка за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис.
-Разговаравме за отворените иницијативи и планови околу политиката на проширување на ЕУ, за потребата од видливи резултати и извесност на европската перспектива која ќе помогне во ефикасното и ефективно спроведување на реформите.
Како добра познавачка на состојбите на Западен Балкан, Брукс потврди дека Северна Македонија во вистински момент ги започна преговорите со ЕУ и дека сега мора да остане активна во процесот, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Брукс, додава Маричиќ, потенцираше дека на маса е пакет за следно проширување во кое треба да се ги вложиме сите напори за нашата држава да остане дел од истиот.
-Искуството кое го имаме во евроатланската интеграција, практикувањето на дијалогот во решавањето на важни државни прашања, како и напорите за спроведување на клучните реформи, со цел да успееме во исполнувањето на нашите стратешки цели, прави Северна Македонија да е препознаена како фактор за регионалната стабилност и просперитет, и позитивен пример за целиот регион за правењето вистински избори кога се работи за иднината на и стабилноста на земјите од Западен Балкан, наведува вицепремиерот во објавата на Фејсбук.