Најмалку пет мртви, едно лице исчезнато: детали од хеликоптерската несреќа кај Монт Еверест

Најмалку пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа кај Монт Еверест во Непал, а по едно лице се уште се трага.

Според првичните информации туристите кои загинале биле мексикански државјани, додека пилотот бил од Непал.

Авионот, наводно, се враќал во главниот град Катманду утрово, откако туристите го обиколиле највисокиот врв на светот.

Меѓутоа, во еден момент започнало невреме и пилотот морал да ја смени рутата. Неколку минути подоцна, под се уште неразјаснети околности, хеликоптерот се урнал, јавува Ап.

Треба да знаете
Последни објави