Пленковиќ: Злото од Сребреница никогаш не смее да се повтори ниту да се заборави

Геноцидот во Сребреница никогаш не смее да се заборави ниту да се дозволи да се повтори, порача премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на 28-годишнината од масакрот на 8.000 мажи и момчиња Бошњаци.

„Со чувство на длабока почит кон жртвите и нивните семејства, се сеќаваме на геноцидот во Сребреница во кој беа егзекутирани повеќе од 8.000 невини бошњачки мажи и момчиња“, рече хрватскиот премиер.

„Никогаш не смееме да го заборавиме нивното страдање или да дозволиме такво зло да се повтори“, нагласи тој.

Денеска се навршуваат 28 години од геноцидот во Сребреница извршен од босанските Срби врз заробении мажи Бошњаци.

„Геноцидот во Сребреница е една од најтемните страници на европската историја и Европа се сеќава на својата одговорност и неуспехот да ги заштити жртвите“, изјавија во заедничката изјава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Треба да знаете
Последни објави