Претседателот на Русија Владимир Путин во октомври годинава ќе ја посети Кина и ќе се сретне со нејзиниот претседател Си Џинпинг, пренесуваат руските медиуми.
-Ова го соопшти претседателот на Кина во разговор со претседателката на Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко, која моментално е во посета на Пекинг, изјави поранешниот руски амбасадор во Кина Андреј Денисов.
По тој повод, Си изјави дека земјата се подготвува да биде домаќин на рускиот претседател, кој ќе учествува на третиот форум „Еден појас, еден пат“.
На почетокот на годинава, Си ја посети Москва веднаш откако уште еднаш беше избран за претседател на Народна Република Кина.
Во таа прилика тој изјави дека продлабочувањето на соработката со Кремљ е стратешки избор на Кина, а самата посета е оценета како многу успешна.