Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:
„Денеска одбележуваме 28 години од едно од најголемите злосторства против човештвото, против слободниот демократски свет – геноцидот над цивилно население во Сребреница, Босна и Херцеговина, во кој беа убиени над 8.000 луѓе.
Како држава сме ориентирани кон европските идеали на соживот, меѓусебна почит и солидарност. Во нашето општество нема простор за национализам, особено оној од екстремен вид кој продуцира војни.
Геноцидот во Сребреница претставува пораз на високите цивилизациски вредности и останува како потсетник за злото кое демне во секоја војна, но и за обврската со силна осуда да се бориме против истото! Одлучни сме да градиме свет во кој владее пријателството, хуманоста и меѓусебната соработка и почит, за заедничко и подобро утре.
Никогаш да не се повтори! “