Струга непоразена на дебито во квалификациите за Лигата на шампионите

 Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум одигра вечерва на гостувањето во Вилнус 0-0 во дуелот со литвански Жалгирис во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Во својот дебитантски настап во елитното европско клупско натпреварување фудбалерите на Струга беа рамноправен противник и сосема заслужено се враќаат непоразени од Литванија. 

Реваншот се игра идниот вторник на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17 часот.

Победникот од пресметката меѓу Струга и Жалгирис за противник во второто коло во Лигата на шампиони ќе го има турскиот гигант Галатасарај, додека поразениот ќе го продолжи настапот во европските купови во второто квалификациско коло во Конференциската лига. Противник ќе биде црногорскиот првак Будуќност кој беше елиминиран во рамки на претквалификацискиот турнир во Лигата на шампиони.

Треба да знаете
Последни објави