Утре е последен ден за купување Граѓански обврзници

Утре е последниот рок до кој граѓаните кои имаат заштеди можат да купат Граѓанска обврзница и за вложените средства да добијат камата од 5% која е моментално највисока на финансискиот пазар. Една обврзница е со износ од 10.000 денари, а не постои ограничување колку обврзници можат да се купат. Истите се купуваат во било која од македонските банки каде се поднесува барање, а можат да се купат со средства што граѓанинот ги има на своја сметка, од штедни влогови, но и во готовина.

Луѓето што ќе купат обврзница првата камата ќе ја добијат во јули следната година, а втората во јули 2025 година, кога ќе им биде вратен и целиот инвестиран износ.

Државата планира кај граѓаните да се задолжи во висина од 50 милиони евра. Сепак, првата аукција е во износ од 10 милиони евра, а според најавите на министерот за финансии, Фатмир Бесими, ако има поголем интерес ќе им се дозволи на граѓаните да инвестираат и повеќе.

Колку средства граѓаните вложиле во Граѓански обврзници ќе се знае на денот на аукцијата, односно на 13 јули. Оттаму сметаат дека овој инструмент нема негативно да се одрази на депозитната база на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во мај, кога беше најавена граѓанската обврзница, рече дека таа нема многу да се одрази врз банките, од причина што износот на граѓанската обврзница е исклучително мал износ во однос на депозитниот потенцијал во банкарскиот систем. Граѓаните во банките чуваат речиси 5,4 милијарди евра. Помалку од половина од депозитите се во денари, а малку повеќе во странска валута.

Со оглед дека обврзници можат да се купат и во готовина се смета и на тоа дека голем број граѓани ќе ги извадат и парите што ги чуваат „под перница“ и ќе ги вложат во сигурни инструменти. (З.П.)

Треба да знаете
Последни објави