На една локација во скопски Аеродром камион на ЈП Комунална хигиена празни контејнер додека ѓубрето околу него останува несобрано.
Дали камионот бил преполн или ѓубрето околу контејнерот не е обврска на КСХ останува непознато, но очигледно е дека ова јавно претпријатие не си ја врши работата како што треба.
И додека Данела Арсовска, директорката на Комунална хигиена и градоначалниците на скопските општини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се препукуваат Скопје продолжува да се дави во смет, а бројните диви депонии низ градот се потенцијални извори на зарази и закана за јавното здравје.