Вчера за прв пат по повеќе од десет години падна снег во најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург.
Последен пат жителите на Јоханесбург виделе снег во август 2012 година, а на социјалните мрежи го опишаа како чиста магија и прекрасен почеток на неделата.
Експертите велат дека снегот најверојатно нема да потрае и дека е предизвикан од зголемената влажност, ниските температури и студените ветрови, пишува Гардијан.