Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ – Савиќ официјално беше претставен како нов играч на саудискиот Ал Хилал.
Лацио доби 40 милиони евра обештетување, а српскиот репрезентативец за три години во тој клуб ќе заработи околу 100 милиони.
Во Ал Хилал пристигна и тренерот Жорже Жесус, по Рубен Невес и Калиду Кулибали, а блиску до потпис е асот на Манчестер сити, Бернардо Силва.