За проблемот со ѓубрето кој го создаде неспособната локална власт на ДПМНЕ советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага мерки.
Една од мерките што на седницата во четврток ќе ги предложи СДСМ за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија во чистењето.
Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала.
Оваа мерка ќе овозможи ЈП “Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос.
Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ.
Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје се диркетно одговорни и тие го создадоа проблемот.