На социјалните мрежи синоќа се појави информација дека е исчезнато 15-годишно девојче од село Пешталево, општина Долнени.
Како што стои во објавата, станува збор за 15-годишната Ана Марија Ѓореска која се води за исчезната од вчера. Последен пат била забележана околу 19 часот на автобуска постојка во село Ропотово.
Полицијата е запознаена со случајот и во тек е потрага по девојчето.