Најмалку 34 лица, меѓу кои и деца, загинаа во случајно гранатирање на пазар во суданскиот град Омдурман, соопштија државните здравствени власти.
Засега не се знае кој го извршил нападот, пишува „Би-Би-Си“.
Најмалку 45 луѓе беа убиени во напад во истиот град во саботата на 8 јули.
Судирите меѓу суданската армија и паравоените сили траат веќе три месеци, а досега се убиени повеќе од 3.000 луѓе.