Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ ја доби наградата, која ја доделува „ESPY“, за најдобар кошаркар во НБА.
Наградата се вика „ESPY најдобар НБА играч“ и се доделува на крајот од секоја сезона, а српскиот центар ја освои пред Џоел Ембиид, Џими Батлер и Џејсон Тејтум.
На овој начин Јокиќ влезе во друштво на Мајкл Џордан, Леброн Џејмс (кој најмногу од сите, дури седум пати ја освоил оваа награда), Стеф Кари и другите легенди на НБА кои ја освоија оваа награда.
Интересно е што Јокиќ првпат го добива ова престижно признание, кое не успеа да го освои во двете сезони кога беше МВП во НБА лигата. Во тие две години наградата ја освои плејмејкерот на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари.
Јокиќ зад себе има сезона во која му ја донесе првата титула на Денвер Нагетс во историјата на таа франшиза, а на патот кон истата беше прогласен за најкорисен играч на големото финале.
За време на плеј-офот одигра 20 натпревари каде имаше просек од 30 поени, 13,5 скока и 9,5 асистенции.