На 11.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(78), Ј.С.(78) и Д.М.(61), сите од Кочани.
При претрес во домот на Д.С. и Ј.С. во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава”, пиштол „Црвена застава”, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при претрес во викенд куќа на Д.М. во с.Тркање, кочанско, извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.