Неспособноста и неодговорноста на Данела Арсовска го доведе градот Скопје до работ на еколошка катастрофа. Тоа што не беше подигнато ѓубрето со денови не само што значеше загрозување на животната средина, туку беше закана и по здравјето на граѓаните. Комунална хигиена не си ја вршеше работата за која е платена од граѓаните и тоа беше причина да се создадат стотици депонии во непосредна близина на домовите, градинките и парковите.
Да биде уште потрагично, Арсовска како да не сакаше овој проблем да се реши, бидејќи кога скопските градоначалници се организираа со помош на своите скромни капацитети и со помош на општините од внатрешноста на државата, Арсовска тоа од каприц го блокираше. Очигледно поважни и беа политичките игри отколку интересот на граѓаните и нивното здравје. Народот вели “ем шуто, ем боде”. Арсовска ем не си ја заврши работата и го остави градот да тоне во смет со денови, ем ја одби други да помогнат да се надмине проблемот. Кој беше интересот на Арсовска да се создаде оваа еколошка катастрофа? Дали имаше за цел да ги казнува граѓаните или да дефокусира од други прашања.
Арсовска беше избрана да работи во интерес на народот и да ги реализира проектите кои ги ветуваше. Од ветените проекти нема ништо, туку само клевети и подметнувања. Нејзината неспособност и неодговорност се обидува да ги покрие со нервозни испади и неосновани напади. Народот тоа го гледа и го оценува.