Поранешниот македонски фудбалски шампион Шкендија од Тетово со судни маки обезбеди минимална предност за реваншот против аматерите на Хаверфордвест Каунти од Велс.Тетовските „црвено-црни“ како домаќини на Арената „Тород Проески“ во Скопје, вечерва забележаа минимална победија (1:0) и со гол предност одат на Островот на реваншот од првото квалифиакциско коло во Конфернциската лига на УЕФА.
Тетовци доминираа, имаа повеќе посед на топката, повеќе удари кон голот, но немаа реализација. Победничкиот старт го обезбеди Аденис Шаља во 47 минута. Шкендија не успеа да се избори за поубедлива победа со која помирно ќе го чекаше реваншот за една седмица.