Советничката од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева на денешната вонредна седница на Град Скопје на која се распаваше за несобирањето на ѓубрето истакна дека е неодговорно однесувањето на градоначалничката Арсовска, која не се појави на вонредната седница. По барање на советничката група на СДСМ, оваа седница беше закажана во понеделникот поради состојбата со несобирањето на ѓубрето во Скопје. На седницата не дојдоа ниту Арсовска ниту директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ.
Претседателот на Советот Трајко Славески рече дека не добил известување дека Арсовска нема да дојде.
Јачева ја осуди постапката на градоначалниците кои го истурија ѓубрето на јавна површина, но уште повеќе директорот на ЈП „Дрисла“ кој, како што рече, ги послушал наредбите на градоначалничката и не дозволил сметот што со камиони го донесоа градоначалниците да се депонира во депонијата.
-Градоначалничке Арсовска, заминете си, дајте си оставка, ослободете го градот додека не сме доживеале уште поголема еколошка катастрофа –рече Јанчева.
Арсовска инаку е единствен градоначалник на Скопје кој не доаѓа на седници на Советот кога треба да се одговара на советнички прашања или кога се бараат одговори од неа за одреден проблем на вонредна седница.