Барселона и Тотенхем на 8 август ќе се борат за Гампер купот

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона ќе се соочи со премиерлигашот Тотенхем Хотспур во дуел за Гампер купот на 8 август.

Поради реконструкција на стадионот на Каталонците „Камп ноу“, натпреварот ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Луис Компани“ исто така во Барселона.

Ова ќе биде завршниот натпревар од претсезоната на каталонскиот клуб во пресрет на гостувањето кај Хетафе од 1. коло на Ла Лига, кое ќе се одржи на 13 август. 

Треба да знаете
Последни објави