Европарламентот усвои Патокази за справување со идни здравствени кризи за да е се случи хаосот како при Ковид-19

Европскиот парламент усвои Патокози за зајакнување на Европската здравствена унија и за подобрување на капацитетите на националните здравствени системи на членките на ЕУ за справување со идните предизвици и евентуални нови здравствени кризи.

Патоказите се подготвени од страна на Специјалниот комитет на Европскиот парламент за пандемијата со Ковид-19 (ЦОВИ), кој го анализираше влијанието на корона кризата и ја оценуваше ефикасноста на ЕУ и националните здравствени системи и врз основа на тоа состави конкретни препораки за надминување на недостатоците и слабостите во нивните активности. 

Патоказите за идни активности се базираат на четири главни области – здравствениот систем, почитување на демократијата и основните права, влијанието врз социјалните и економските аспекти и глобалниот одговор на ковид пандемијата.

Клучните препораки опфаќаат поголема стратешката автономија на ЕУ при обебзедувањето лекови, транспарентност при заедничките набавки и посилна парламентарна контола на спроведувањето на законските акти поврзани со вонредни состојби, како на ниво на ЕУ, така и на национално ниво. 

Европратениците бараат и максимaлно искористување на средствата наменети за закрепнување на единствениот европски пазар од последиците од ковид кризата и подобра глобална координација во изработката на идниот меѓународен договор за пандемии.

Треба да знаете
Последни објави