Пратеници на владејачката партија Самоопределување денеска на седницата на Собранието на Косово физички се пресметаа со пратениците на опозициските партии.
Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти.
Според косовскиот весник Коха, не се знае точно што се случило, но во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка, пишува Коха.
Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца нареди да интервенира полицијата