Англиската фудбалска федерација (ФА) го казни денеска премиерлигашот Вулверхемптон со 100.000 фунти поради хомофобично скандирање на дел од навивачите за време на првенствениот натпревар против Челзи кој се одигра во април.
Казната на Вулверхемптон му ја изрече независна регулаторна комисија која ја формираше ФА, откако клубот призна дека негови навивачи во два наврати на дуелот против Челзи се однесувале недолично.
Инцидентите на тој натпревар, одигран на 8 април, се случија во 61 и 71 минута.
Вулверхемптон по натпреварот го осуди однесувањето на своите навивачи, но ќе мора да преземе натамошни чекори со цел да спречи во иднина слични инциденти, како дел од инструкциите што ги даде независната комисија