Вучиќ: Што е проблемот со ботовите, еве јас сум и идиот и бот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не гледа проблем во приказната за ботови, бидејќи секогаш има луѓе кои поддржуваат партија и дека СНС е единствената политичка партија која никому не должи ниту динар.

Зборувајќи за неодамнешната кампања „Јас сум бот“, претседателот изјави дека не се работи за пари и дека државата им помага на децата, одговарајќи на критиките на поранешната министерка Зорана Михајловиќ.

„Најлоши се луѓето кои плукаат во коритото од кое и самите пиеле. Не ме интересираат нивните коментари. Јас сум идиот и јас сум бот и можете да замислите какви луѓе сте кога јас таков идиот дванаесет години ве тепам на секои избори“, истакна Вучиќ.

„Каква е приказната за ботовите на Српската напредна странка? Има ли луѓе кои поддржуваат партија? Па, секогаш има луѓе кои поддржуваат партија. Некои се ангажирани, некои не се во партиски органи. Што е проблемот со тоа? За разлика од другите политички партии, додека бев претседател на СНС, партијата никому не му должи ниту еден динар, а знам дека не должи ниту денес“, рече Вучиќ.

Вели дека ќе има избори.

„Тие ќе бидат одржани во мир и ред. Ако сакаат може да ги имаат годинава, ако не, во април или мај ќе имаме општи избори кога ќе има и локални и покраински избори“, рече Вучиќ и изјави дека изборите ќе беа веќе распишани доколку немаше протести.

Треба да знаете
Последни објави