Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ оцени дека американските санкции против директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин претставуваат исклучиво политичка одлука, заснована на односот кон Русија, без оглед на тоа што се работи за криминални дела, споменати во формалното објаснување.
„Најверојатно се споменуваат криминални дејствија за сите кои се изложени на санкции“, рече Дачиќ, за време на гостувањето во програмата на Телевизија Пинк.
„Никогаш не добивме информации дека има индиции дека се работи за криминал и корупција. Знаете ли колкава би била нашата листа со санкции доколку бевме толку моќни“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека станува збор за САД, кои се голема сила и бараат да бидете 100 проценти со нив. Дури ни Русија не е задоволна што не сме 100 отсто со нив“, изјави Дачиќ.