Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители во периодот од 12 до 17 часот поради високите температури.
Грчкиот весник „Прототема“ утрово објави дека туристка колабирала на локалитетoт, а спасувачите и пружиле помош.
Другите археолошки локалитетите во Атина ќе работат по вообичаено време, се наведува во соопштение на грчките власти.
Грција деновиве е зафатена од топлотен бран со температури над 40 степени.