Францускиот пожарникар Џонатан Веро (39) истрча 272 метри додека му гореше заштитното одело, а немаше ни кислород и на тој начин влезе во Гинисовата книга на рекорди за овој необичен подвиг за кој му беа потребни 17 секунди.
Рекордот беше соборуван неколку пати од 2009 година, а прв рекордер беше Кит Малколм од Велика Британија.
Веро трчаше три пати повеќе од Малколм, објави Си-Би-Ес Њуз.
Рекордерот рече дека „отсекогаш имал страст за оган“ и дека не престанал да си игра со оган од детството. Не само што е пожарникар, туку е и каскадер. Успехот го постигна во градот каде што порасна, во Хобурдин, каде што исто така се обучува како пожарникар.