Туристка колабирала на Акропол, денес ќе биде затворен од 12 часот поради горештините

Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители во периодот од 12 до 17 часот поради високите температури.

Грчкиот весник „Прототема“ утрово објави дека туристка колабирала на локалитетoт, а спасувачите и пружиле помош.

Другите  археолошки локалитетите во Атина ќе работат по вообичаено време, се наведува во соопштение на грчките власти.

Грција деновиве е зафатена од топлотен бран со температури над 40 степени.

Треба да знаете
Последни објави