Капитенот на Монако обвинет за силување

Против капитенот на францускиот фудбалски прволигаш Монако, Висам Бен Једер, е поведено обвинение за сексуален напад што наводно се случил на почетокот на оваа недела на Азурниот брег, јавија синоќа локалните медиуми.

Јавниот обвинител во градот Ница рече дека „постојат две пријави за силување и две жртви“. „Не го знаеме идентитетот на вториот осомничен“, изјави судијата, а француските медиуми пренесуваат дека тоа би можел да биде помладиот брат на Бен Једер.

Според Франс инфо, две девојки на возраст од 19 и 20 години ги пријавиле во полиција Бен Једер и неговиот помлад брат дека „им наметнале сексуални активности“, откако заедно вечерале во ресторан.

Бен Једер, кој за француската репрезентација има 19 настапи, во април оваа година беше осуден на шестмесечна условна затворска казна од судот во шпанскиот град Севиља поради затајување данок. Му беше изречена и парична казна од 133.798 евра.

Треба да знаете
Последни објави