Неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје целосно ги изневери граѓаните.
Наместо модерно Скопје како што ветуваа за време на изборната кампања, кога ја бараа довербата од граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија.
Наместо град којшто се развива Скопје уназадува. ДПМНЕ Скопје го врати 60 години назад.
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје направија загаден, нечист, нефункционален град.
Сметот и нечистотијата се само дел од проблемите. Јавниот превоз во Скопје не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен јавен превоз, за модерен транспорт, за фабрика за автобуси не се остварија.
Не се реализираше ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.
Хаосот што се случува во Скопје е уште една потврда: гласот даден за ДПМНЕ е глас за уназадување и враќање назад.