Пред утрешното финале (15 часот) на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон во кое ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алакараз, Британците го сменија мислењето за српскиот тенисер, чии резултати редовно ги оспоруваа. Пресметката „Би-Би-Си Спорт“ ја најави како меч: „Најдобриот на сите времиња против ѕвездата во подем. Кој ќе ја освои круната на Вимблдон?“
Алкараз нема дилема кој има предност пред финалната битка и кој ќе биде поблиску до победата.
Ѓоковиќ в недела ќе се обиде да ја освои петтата титула во низа во Лондон, осма севкупно, и рекордната 24 гренд слем титула.
-Сите знаат дека Новак е главен фаворит, па дури и јас. Знам дека е фаворит, ги освои последните четири турнири на „Вимблдон“, бара петти по ред, тука е во серија од 34 меча без пораз, тоа е нешто неверојатно. Ќе се обидам да не размислувам за тоа, за целата статистика овде на „Вимблдон“. Ќе се однесувам како да е само уште еден меч како и секој друг што сум го одиграл, ќе се обидам да дадам сè од себе и да најдам начин да го победам – вели Алкараз.