Трите компании на ЕСМ поднеле барање до Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на парно-греењето во Скопје за втората половина од годината.
Збирот на барањата имплицира крајно зголемување на цената од 54,2 проценти, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски. Комисијата ќе ги разгледа детално нивните трошоци и за околу 10 тина дена би требало да биде позната новата цена на парното, која ќе важи од први август.
Според Бислимовски, одлуката за цената најмногу ќе зависи од проекциите за цената на природниот гас на интернационално ниво.
ДДВ за топлинската енергија останува 5 отсто.