39-годишен бизнисмен, сопственик на казино во Македонија е застреланиот од непознати лица на Халкидики со над 20 куршуми, а неговиот пријател е тешко ранет. Орхаин Баграини (роден 1984 година) е мртов, а Сеад Слезовиќ (1978) е повреден. Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, во казино и фабрика за пијалоци, пишуваат грчките медиуми.
Денеска напладне двајцата бизнисмени требало да се одјават од хотелот.
Инцидентот се случил во 3.30 часот наутро во Ханиоти, Халкидики кога, според очевидци, маскирани напаѓачи упаднале во изнајмената хотелска соба, истрелале повеќе од 20 куршуми и исчезнале.
Повредениот е згрижен во болница на Халкидики.