Оперската певица Вероника Караколева вечер во 19 часот во Ликовниот салон во Велес ќе одржи концерт пред своите сограѓани.
Публиката ќе има можност да ужива во највисоките звуци од сопранot Вероника, додека на пијано ќе ја придружува пијанистката проф. м-р Дилек Реџеп.
На програмата се дела од Моцарт, Хадџиев, Шопен, Пучини, Верди и Гершвин, а во програмата е застапен џезот со оперско пеење.
Вероника Караколева својот прв коцерт во Велес го одржа пред 7 години, а последниот концерт во својот роден град на 2 април лани.
Караколева за МИА најави дека по вечерашниот концерт интензивно ќе се подготвува за концерт во Рим, Италија во септември.