Холандскиот фудбалер Јуриен Тимбер е нов играч на Арсенал, потврди англискиот вицешампион.
Во соопштението на лондонскиот клуб се наведува дека Тимбер потпишал „долгорочен договор“, чие времетраење не е прецизирано.
Тимбер во Арсенал доаѓа од Ајакс, а холандскиот клуб, од своја страна, соопшти дека премиерлигашот платил обесштетување од 40 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси, за услугите на 22-годишниот фудбалер.
Тимбер во дресот на Ајакс освои две холандски титули (2021, 2022), а за холандската репрезентација има пет настапи.