Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди потсети на своите најдобри натпревари, од шпанската Ла Лига, кога со мајсторски слободни удари ги тресеше противничките мрежи. Овојпат тоа Барди го повтори на пријателски меч во дресот на турскиот Трабзонспор.
На подготовките во Словенија, Трабзон одигра 2-2 против унгарскиот Мол Фехервар, тимот на Никола Серафимов, а Барди беше последниот стрелец. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме и во 75. минута го совлада противничкиот голман, кога Унгарците веќе водеа со 2-1.
Серафимов, остана на клупа за унгарскиот тим.